Целиот имот му е подарок: Што пријавил новиот директор на Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев

еМагазин продолжува со серијалот во кој Ви преставуваме каков имот пријавиле новите функционери. Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил новиот в.д. директор на Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев.

Според неговиот анкетен лист, доставен до Државната комисија за спречување корупција, на свое име пријавил куќа со двор од 255 метри квадратни плус 513 метри квадратни, проценета на 4,7 милиони денари, добиена на подарок, уште една куќа во Кавадарци, како што е наведено, за одмор, исто подарок, од 85 метри квадратни, проценета на 1,8 милион денари и земјоделско земјиште, исто добиено како подарок, од 2.775 метри квадратни.

Пријавил и возило Голф, за кој нема податок како е стекнат, но и кредит од 600 илјади денари, кој ќе го исплаќа до 2021 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Цел имот му е од наследство: Што пријавил директорот на Царина, Ѓоко Танасоски

Каков имот има наследникот на Чавков, Лазо Велковски

Каков имот пријавила директорката на УЈП, Сања Лукаревска

Каков имот пријавил првиот човек на УБК, Горан Николовски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови