Македонските граѓани зборуваат 195 минути месечно на мобилен телефон

158 Views Октомври 13, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Во првото тримесечје од 2017 година претплатниците во моблна телеонија просечно зборуваат 195,10 минути месечно.

Најголем дел се остварува во сопствена мобилна мрежа и изнесува 143,15 минути (73,37%). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во РМ е значително помал и изнесува 46,74 минути (23,96%).

Сообраќајот во сопствена фиксна мрежа изнесува 2,11 минути (1,08%) додека пак сообраќајот кон други фиксни телефонски мрежи во РМ и кон мрежи во странски држави изнесува 2,39 минути (1,22%) односно 0,72 минути (0,37%) кон мрежи во странски држави.

Споредено со четвртиот квартал од 2016 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон мрежи во странски држави.

Споредено со првиот квартал од 2016 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации со исклучок на сообраќајот кон други мобилни мрежи во РМ и кон мрежи во странски држави.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Колку вообичаено трае еден повик кај македонските мобилни оператори?

„Вибер“ и „Скајп“ сериозна закана за операторите: Пад на бројот на разговори во мобилната телефонија

Кој оператор заработува најмногу на големопродажниот пазар на мобилна телефонија?

Македонски Телеком и Оне.Вип во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Македонски Телеком има најголем удел во приходите од мобилна телефонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови