Колку вообичаено трае еден повик кај македонските мобилни оператори?

708 Views Октомври 13, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Времетраењето на единечен повик по претплатник во првите три месци од годинава кај Македонски Телеком изнесува 1,79 минути кај претплатник од оне.ВИП изнесува 2,11 минути додека кај Лајкамобајл времетраењето на единечен повик изнесува 2,60 минути.

Споредено со претходниот квартал времетраењето на единечен повик по претплатник е намалено единствено кај Лајкамобајл.

Во првиот квартал од 2017 година претплатниците просечно иницирале 99,10 повици месечно. Најголем дел се остварува во сопствена мобилна мрежа и изнесува 71,67 повици (72,32%).

Бројот на повици кон други мобилни мрежи во РМ е значително помал и изнесува 24,30 повици (24,52%).

Бројот на повици во сопствена фиксна мрежа изнесува 1,29 повици (1,31%), додека пак кон фиксни телефонски мрежи во РМ и кон мрежи во странски држави изнесува 1,55 повици (1,56%) односно 0,29 повици (0,29%) кон мрежи во странски држави.

Споредено со четвртиот квартал од 2016 година може да се забележи пад на број на повици кон сите дестинации.

Споредено со првиот квартал од 2016 година може да се забележи раст кај бројот на повици кон други мобилни мрежи во РМ и кај бројот на повици кон други фиксни мрежи во РМ.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Македонските граѓани зборуваат 195 минути месечно на мобилен телефон

„Вибер“ и „Скајп“ сериозна закана за операторите: Пад на бројот на разговори во мобилната телефонија

Кој оператор заработува најмногу на големопродажниот пазар на мобилна телефонија?

Македонски Телеком и Оне.Вип во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Македонски Телеком има најголем удел во приходите од мобилна телефонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови