(Фото) Лице на Годината за Македонија е Горјана Кулишевска

Регионалниот избор за Лице на годината или светски познат како the LOOK  of the YEAR се случи завчера вечер во Белград каде што беше избрана 16 годишната Горјана Кулишевска од Скопје.

Во јуни се одржа кастингот во просториите на модната агенција Моделс ИН каде беа избрани десетте финалистки.

Ова е четврта година по ред како се избира Лице на годината за Македонија во соработка со модната агенција Модел Скаутинг Офис од Белград.

Нашата прекрасна Горјана која е веќе три години дел од Моделс ин во моментов се наоѓа на финалето за Лице на годината 2017 кое се одржува на вулканскиот остров Искиа во Италија.

Инаку Кулишевска е трета година во гимназијата Орце Николов и покрај моделингот успева да најде време за фитнес и џогинг.

За регионалниот избор е задолжена агенцијата MSO на Јелена Ивановиќ која се уште ги застапува и минатогодишните победнички од овој избор и секако се грижи за интернационалниот успех  на нашиот топ модел Елена Реи.

Големото финале на the LOOK of the YEAR 2017 се случува во сабота па на нашата Горјана и посакуваме многу среќа. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови