Какви родители сме, ги труеме децата со фрлање на смет пред градинка

Како нација, познати сме по ниската еколошка свест и секој ден со постапките на граѓаните се покажува дека таа свесност е уште пониска од тоа што сме сметале.За тоа говори сликата на создавање на смет пред детска градинка во близина на Универзална сала.

Сликите ги постираа на Фејсбук загрижени граѓани кои ги носат децата во оваа градинка. Коментарот на еден од татковците беше дека бабата го фрлила сметот пред градинката, пред да влезе да го земе внукот.

Што повеќе да се каже дека отстуствува свеста дека меѓу другите деца, го труе и сопствениот внук.

Само парични казни можат да не спасат од еколошки „злосторства“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови