Србија ќе го финансира новиот филм на Ралф Фајнс „White Crow“

184 Views Октомври 13, 2017 Балкан Камелија Делија

Српското Министерство за култура издвои повеќе од 518.000 евра за новиот филм на Ралф Фајнс. „White Crow“, пренесуваат српските медиуми. 

Британскиот глумец, режисер и продуцент минатиот месец стана државјанин на Србија, а новиот пасош му го врачи лично српскиот претседател Александар Вучиќ.

Парите за проектот Фајнс, како што наведува белградскиот весник „Политика“, се „од буџетксите резерви" и се одобрени од Владата на 6 октомври.

Филмот е всушност приказна за рускиот балетан Рудолф Нуреев и ќе се снима во Србија. Премиерата е закажана за наредната 2018 година.

Фајнс во 2010. во Србија го оствари и своето режисерско деби - филмот „Кориолан“, според истоимената трагедија на Шекспир.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови