(ВИДЕО) Полицајците во Дубаи ќе „летаат“

488 Views Октомври 13, 2017 Техно Редакција Емагазин

Полицијата во Дубаи соопшти дека нивните службеници ќе користат нов вид превоз – нешто помеѓу дрон и моторцикл, пренесуваат агенциите.

Моторциклите се развиени во соработка со рускиот производител на дронови Hoversurf, а полицијата ќе ги користи за итни ситуации и кога има метеж.

Моторциклите се напојуваат со батерии, а можат да летаат еден метар над земјата до максимум 25 минути кога батеријата е наполнета, а еден час кога се користи гориво. Моторциклите ќе се движат со максимална брзина од 70км/час, а ќе можат да носат товар од 300 килограми.

Возилата моментално се во фаза на развој.

Како игледаат во видеото:

Видео: RT

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови