Кандидат на ВМРО ДПМНЕ за советник од Кочани осомничен за поткуп на гласачи

Од МВР потврдија дека кандидат за советник на опозициската ВМРО ДПМНЕ од Кочани синоќа бил повикан во полиција на разговор поради сомневање дека поткупувал гласачи.

Како што објавија медиумите кај него биле најдени поголема сума пари и список на гласачи од еден дел на општината Кочани.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со соопштение во кое велат дека сослушувањето на нивниот кандидат за советник во Кочани е одраз на стравот на СДСМ од изборниот пораз.

Од партијата велат дека ова e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови