Делегацијата на ЕУ и амбасадите повикуваат на избори без насилство и граѓаните да гласаат

Локалните избори на 15 и 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина, велат од Делегацијата на ЕУ и на Амбасадите на земјите- членки  на ЕУ во пресрет на локалните избори.

„ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото.

Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време на, и по изборите.

Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање кое им е потребно за да донесат информирана одлука на Денот на Изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни наблудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен.

Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини.“ се вели во изјавата на Делегацијата на ЕУ и на Амбасадите на земјите- членки  на ЕУ во пресрет на локалните избори.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови