Протест пред „Повардарие“ поради неисплатени обврски кон лозарите

354 Views Октомври 13, 2017 Вино Камелија Делија

Лозари денеска протестираа пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата. 

- Всушност станува збор за блокада. Блокирани се двете капии на винаријата и не дозволуваме влез или излез на било каков имот на винарската визба. Овој протест легално е пријавен во полиција. Работата е што не го почитуваат договорот што е потпишан, има луѓе со неисплатени обврски од 2014 година, рече Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот.

Според него, протестот не е политички и тие само бараат да бидат исплатени. 

Јанчев вели дека се обратиле и до „Повардарие“, но оттаму засега немаат излезено со став за најновиот протест на лозарите пред нивните капии.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови