Уставниот суд поведе постапка за оценување на Законот за извршување

450 Views Октомври 13, 2017 Македонија Никола Осило

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на повеќе членови на Законот за извршување по инцијатива на адвокатското друштво „Кузмановски“.

Станува збор за член 6 став 2, член 11 точка 14, член 12 став 1 точка 4, член 17 став 3, член 28 став 2, член 46 став 2 и членовите 240-244 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016).

„Подносителот на иницијативата најнапред наведува дека има долгогодишно искуство како полномошник на физички и правни лица во врска со присилна наплата на долгови, па смета дека оспорените законски одредби не се во согласност со уставните определби и решенијата од Законот за адвокатурата, Законот за парничната постапка и Законот за комунални дејности.

Таквата општа оценка се конкретизира така што, прво, се проблематизира член 11 точка 14 и членовите 240-244 од Законот за извршување, со кои се утврдува дефиницијата и се уредува постапката за вонсудска наплата на долгови од страна на извршител, при што се смета дека оваа материја не влегува во делокругот на извршителот определен во член 1 ставови 1, 2 и 3 од истиот закон, како и во член 11 точка 7 од Законот за извршување.

До донесувањето на оспорените законски одредби вонсудската наплата на долговите ја вршеле адвокатите во рамките на даденото полномошно и врз основа на член 53 од Уставот и член 2 ставови 1 и 2 од Законот за адвокатурата, па не постоела ниту општествена оправданост за воведување на нова постапка со закон, која била на штета на физичките и правните лица и на нивните полномошници адвокати, а во корист на извршителите“, се вели во одлуката.

Целата одлука ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!