Поради митингот на ВМРО-ДПМНЕ „Илинденска“ денеска затворена за сообраќај

221 Views Октомври 13, 2017 Локално Камелија Делија

Поради предизборен митинг, од синоќа од 22:00 часот се до сабота во 02:00 часот, сообраќајот на булеварот „Илинден“ ќе биде пренасочен во двата правца на потегот пред Владата, информира Министерството за внатрешни работи.

- Пренасочувањето е на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“. Сообраќајот ќе се одвива по булеварот „Илинден“,  десно по булеварот „Св. Климент  Охридски“ и по булеварот „Гоце Делчев“ и лево по булеварот „ВМРО“, наведуваат од МВР.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови