Стартуваше со работа ПИНА-плаформа за за истражувачко новинарство и анализи

Стартуваше со работа ПИНА-плаформа за за истражувачко новинарство и анализи.

Се работи за организација создадена од млади новинари, ентузијасти и професионалци која се залагаат за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија.

Освен тоа, ПИНА ќе работи и за подобрување и унапредување на состојбата на жените новинарки во медиумите.

„Визијата за нашата веб страница pina.mk е да прерасне во медиумска платформа каде нашите читатели, следачи и фанови ќе може да најдат квалитетни и професионални истражувачки стории и новинарски анализи, интервјуа, како и поважни вести и мислења за значајните теми кои ги засегаат граѓаните во Македонија. ПИНА е отворена за соработка со сите заинтересирани новинари на домашната сцена.

Се надеваме дека ПИНА ќе внесе свежина и нова енергија во домашниот медиумски пејсаж со презентирање и промовирање на нови лица во медиумскиот дискурс, како и стории кои се игнорирани од мејнстрим медиумите во земјата. Нашата мисија е пред сѐ да ги најдеме сториите кои најмногу го оптоваруваат и отежнуваат секојдневието на граѓаните“, вели еден од оснoвачите, новинарката Кристина Озимец.

ПИНА како еден од своите главни продукти наскоро ќе го лансира и Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје (ИФФС), неколкудневен настан кој за прв пат се одржува во Македонија.

Програмата на фестивалот ќе биде поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други медиумски трендови, како и бројни дебати и говорници од Македонија, регионот, Европа и пошироко кои ќе се фокусираат на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите.

Посетителите на настанот ќе можат да изберат да погледнат филмски проекции, панел дискусии, работилници и разговори фокусирани на влијанието на истражувачкото новинарство, но и на други прашања и предизвици во медиумскиот свет.

ИФФС е исто така настан каде, новинарите, филмските и медиумските професионалци и други ентузијасти од регионот и пошироко, ќе може да се поврзат и да развијат идни приказни и филмови. Фестивалот исто така ќе се стреми да ја едуцира и информира публиката за новите трендови на светската медиумска сцена.

„Во периодот што следува ќе објавиме повеќе информации за програмата на првиот Истражувачки филмски фестивал во Скопје, на сајтот на фестивалот кој ќе биде пуштен во употреба наскоро“, вели Озимец.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови