Гостиварец наместо вино испил непозната течност, пренесен на скопски клиники

143 Views Октомври 13, 2017 Локално Редакција Емагазин

Педесет и деветгодишен гостиварец итно бил пренесен во болница поради труење од непозната течност.

Полицијата соопшти дека вчера околу 16:00 часот на Ургентното одделение во болница во Гостивар бил донесен Џ.К. (59) од село Балиндол, кој испил, односно се затрул со непозната течност која била во шише за вино.

На Џ.К. му била укажана лекарска помош, а поради сериозно нарушената здравствена состојба бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови