Грабежи во Скопје, Струга и гостиварско

Три маскирани лица синоќа извршиле разбојништво над вработените во продавница лоцирана на улица „Бранислав Нушиќ“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, вчера во 21:17 часот во полиција било пријавено дека во продавница на ул. „Бранислав Нушиќ“ три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со пиштол на вработените и купувачите им наредиле на легнат на земја, по што одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Од куќа во Струга украдени пари и златен накит

Стружанецот А.А. на 11-ти овој месец во полициската станица Струга пријавил кражба во куќата сопственост на неговиот татко Ш.А. (61) на ул.„Маршал Тито“.

Кражбата, како што е наведено во полицискиот билтен, била извршена од непознат сторител на 11 октомври во периодот од 18 до 20 часот.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3.000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Кражба во гостиварско, украдени пари, накит и верски книги

Непознати сторители од куќа во гостиварското село Долна Бањица украле пари, златен накит и верски книги.

Кражбата, како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во Полициската станица Гостивар ја пријавил гостиварецот С.И. (51). Тој рекол дека во периодот помеѓу 19:30 часот и 21:00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа село Долна Бањица.

Сторителите насилно го отвориле прозорецот од кујната, влегле внатре и од спалната одзеле женска чанта со 2.500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија одзеле женски паричник со 100 евра, 3.000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка, по што го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.