Нахрани 1.000 лица: Каде може да донирате храна и што да однесете

По повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, „Мрдни со прст“ во соработка со Црвен Крст на град Скопје, здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“, организацијата „Ајде Македонија“, организацијата „АДРА Македонија” и Сојуз на извидници на Република Македонија, на 17 октомври го организираат досега најмасовниот донаторски хепенинг под мотото „Нахрани 1000“.

Според последните истражувања, 445.000 граѓани во Македонија во текот на денот можат да си дозволат само по еден оброк. Мрдни со прст! Ти си на потег!

Штандови каде ќе може да се донира храна во вторник на 17 октомври од 10 до 19 часот ќе бидат поставени на следниве локации:

- Плоштад Македонија

- Пред Skopje City Mall кај Play cafe

- Аеродром пред Веро

- Пред Дом на Градежници 

- Ѓорче Петров пред Тинекс

Граѓаните кои сакаат да донираат може да биде нерасиплива и конзервирана храна ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

извор: Фејсбук страница Најмасовен донаторски настан „Нахрани 1.000“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови