Како да се опуштите пред избори, на пример мастурбирајте

1042 Views Октомври 15, 2017 18+ Редакција Емагазин

Утре се избори, вечерва е молк. Па направете нешто што ве опушта. На пример мастурбирајте. Корисно е и за оние кои имаат и кои немаат партнери. Зошто?

Посреќни сте

По оргазмот телото ослободува хормони на среќа, ендрофин, допамин и окситоцин кои го подобруваат расположението и ве преват среќни. На тој начин се чувствувате пријатно во своето тело. Се што ви помага да се опуштите, јога, масажа или мастурбација добро е за вас.

Позитивно влијае на сексуалниот живот

Мастурбацијата ви помага да дознаете што најмногу ви одговара во сексот. Па во кревет можете да имате повеќе самодоверба и на својот партнер да му сугерирате што сакате.

Го подобрува сонот и имунитетот

Оргазмите ослободуваат од физички и емотивен притисок бидејќи го исцрпуваат телото и така ве опуштаат па полесно ќе заспиете. Поради хемиска реакција ќе ви се ојача и имунитетот а ќе изгледате и поубави.

Нема никакви негативни ефекти

Ништо лошо нема да ви се случи ако мастурбирате. Не можете да забремените, не можете да добиете болест ниту загрозувате некого. Има голем број на помагала кои можат да ви бидат од корист.

ПС.

Ќе ви дојде добро после сексот во мозок за време на политичката кампања.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести