(Фото) Ова е најубавата зграда во Скопје

29088 Views Октомври 15, 2017 Живот Редакција Емагазин

Најубавата зграда во Скопје, или барем една од најубавите се наоѓа на Рузвелтова или на крајот на улица Мајаковски во Дебар Маало.

Разиграна, шарена, направена со графити и пораки кои потсетуваат на местото каде што се наоѓа, го привлекува вниманието на секој минувач. Она што е интерсно е и начинот како се направени клима-уредите.

Инвеститори се приватно лице како и компанијата Линеа, а изведувач „Конкрит инжинеринг“. На Скопје му недостасува ваквиот модерен дух на архитектура, а оваа зграда е само мал придонес кон тоа.

Она што охрабрува е што во Скопје се повеќе се градат модерни згради кои отскокнуваат од секојдневното и здодевното.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови