Полицаец во Свети Николе претепал граѓани кои ја славеле победата на СДСМ на изборите

685 Views Октомври 16, 2017 Локално Редакција Емагазин

Повеќе лица се повредени ноќеска по полноќ во Свети Николе кога полициски службеник од Полициската станица Свети Николе, кој не бил работно ангажиран, и група граѓани го нарушиле јавниот ред и мир при прославата на победата на кадидат за градоначалник на Свети Николе.

- Ноќеска 10 минути по полноќ во Свети Николе дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на О.Ц., полициски службеник во Полициската станица - Свети Николе, кој не бил работно ангажиран и група граѓани кои ја прославувале победата на кандидат за градоначалник на Свети Николе. Повредени се повеќе лица, кои побарале помош во Медицински центар Свети Николе. По настанот, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе, соопшти МВР. 

За настанот е известено Основното јавно обвинителство Свети Николе и веднаш е вклучен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови