Кој би можел да го наследи Никола Груевски

Дали по големиот пораз на последните локални избори во ВМРО-ДПМНЕ ќе има и смена на лидерската позиција и партијата сериозно ќе се зафати да спроведе реформи, ќе дознаеме наскоро.

Како и пред извесно време во политичките кругови повторно се шпекулира со неколку имиња, кои би можеле да дојдат на местото на Никола Груевски, доколку тој одлучи да се повлече.

По објавувањето на резултатите, тој прифати одговорност за лошите резултати, но не најави оставка.

Груевски на оваа позиција е од 2002 година и е дефинитивно партиски лидер со најдолг стаж.

Во „игра“ се пратеникот Антонио Милошоски, кој моментално е пратеник и кој наводно уживал голема доверба во партијата.

Тука е и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, кој според неофицијални информации, немал доволно подршка во партијата да застане на лидерската позиција.

Се спомнува и името на пратеникот Влатко Ѓорчев, кој неофицијално ја имал и подршката на меѓународната заедница.

Како можен наследник на Груевски се спомнува и Христијан Мицкоски, генерален секретар на партијата.

Сите четворица се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ веќе го казни Никола Груевски, оставката е прашање на доблест

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови