Продолжуваат протестите пред „Повардарие“ поради неплатено грозје

412 Views Октомври 17, 2017 Вино Редакција Емагазин

Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.

- Народот е собран тука бидејќи има проблеми, апсолутно винарската визба не е во право, бидејќи не го исплаќа грозјето на самите лозари кои имаат за земање пари за род од 2014, 2015 и 2016 година. Од моја страна лично имаат целосна поддршка заради тоа што луѓето се во право, дале роба, а пари нема, изјави Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија".

Лозарите се пожалија дека имаат пари за земање. Според нив, станува збор за огромни суми пари.

- Само не лажат ни пуштаат по 5.000 денари на трите месеци како социјална помош, срамота е ова што се прави, реагираа лозарите.

Тие побараа да дојде финансиска полиција да ја преиспита целата ситуација, бидејќи, како што наведуваат, грозјето било откупено, а неплатено.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови