Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинителниот акт за случајот „Труст“ во кој првообвинет е Кочан

Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинителниот акт за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на ТВ „Нова“, Сеад Кочан, а првата јавна расправа за овој предмет е закажана за 7 ноември, јавува Макфакс.

Судот го прифатил и обвинителниот акт во случајот „Тотал“, каде што првообвинет е бизнисменот и новинар Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, но за овој предмет сè уште нема закажано рочиште.

Случајот „Труст“ се однесува на тоа што фирми со лажна документација добивале тендери од ЕЛЕМ.

Извор: Макфакс/фото:Телма 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Нов случај на СЈО, „Труст“: Фирми со лажна документација добиле тендер од ЕЛЕМ

(ВИДЕО) Сите детали за „Труст“ на СЈО: Кој и како со лажни документи зел тендер од ЕЛЕМ

Сеад Кочан на распит во судот за случајот на СЈО, „Труст“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови