Се официјализира коалицијата Алијансата за Албанците и БЕСА

Алијансата за Албанците и Движењето Беса потпишаа договор за коалиција за вториот круг на локалните избори.

Претставникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција рече дека по потпишувањето на овој договор се официјализира коалицијата и нагласи дека оваа соработка ќе вроди со плод на 29 октомври.

Тој побара од партиските активисти и симпатизери да ја поддржат ова коалицијата, со цел таа да биде успешна. 

Африм Гаши од Движењето Беса рече дека е донесена одлука Движењето Беса да ја поддржи Алијансата за Албанците во пет општини каде што таа оди во втор круг, додека Алијансата за Албанците да ја поддржи Беса во седум општини.

Според Гаши, ова коалиција може да продолжи и за идните избори. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови