Горан Грујевски и Никола Бошкоски пронајдени и уапсени во Солун

Горан Грујевски и Никола Бошкоски и двајцата обвинети од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кои се во бегство, денеска биле уапсени во Солун, објави телевизија Телма.

Двајцата бегалци биле лоцирани во Солун, од грчката полиција, која постапила по меѓународната потерница, по што биле приведени.

Грујевски е поранешен началник на Петата управа и е обвинет во случаите Тврдина-Таргет и Тврдина 2, а Бошкоски подолго време му бил заменик во Управата која е задолжена за следење на комуникациите.

Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови