Украдено злато во вредност од 1.000 евра: Со златото морам во црква за да те избавам од злото

1163 Views Октомври 19, 2017 Локално Редакција Емагазин

Вчера во 12,30 часот во полициска станица Гази Баба М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот од страна засега непознато женско лице била измамена и притоа била оштетена за околу 60.000 денари.

Имено сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом. Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и барајќи и злато.

Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови