(ВИДЕО) Ќерка на украински тајкун предизвика сообраќајка и уби пет лица

999 Views Октомври 19, 2017 Свет Редакција Емагазин

Алиона Зајцева (25), ќерка на олигарх од Украина, уби пет лица, а голем број се повредени откако не запрела на црвено светло на семафор и со возилото удрила во група луѓе.

Тешката сообраќајна несреќа се случи во украинскиот град Харкива, кога младата наследничка со џип од марката „Лексус“ удри во „Туарег“, а од силината на ударот, нејзиното возило се превртело преку покривот и повторно запрело на пневматиците и потоа удрило во група луѓе.

Алиона не е повредена во сударот.

Иако претходно украинските медиуми соопштија дека во инцидентот загинале шест лица, украинското Министерство за внатрешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека смртно настрадале пет лица, а две жени се во критична здравствена состојба. Меѓу загинатите е и 15-годишно девојче, а тешко е повредена жена, во седмиот месец од бременоста.

Локалните медиуми пишуваат дека веднаш на местото на настанот дошле два џипа со вооружени телохранители, кои Зајцева ја заштитиле од бесните сведоци на несреќата.

Таа е ќерка на мултимилионерот Василиј Зајцев, директор на локалната енергетска компанија.

Полицијата соопшти дека и е одреден тридневен притвор и оти во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол. Доколку биде осудена, ќе се соочи со затворска казна од 10 години.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови