МВР го достави Известувањето за Бошкоски и Грујевски до Министерството за правда

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска доби известување од Интерпол-Атина дека  лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера  (среда 18 октомври) се приведени во Солун.

Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција, информираат од МВР. 

Грујевски, поранешен началник на Петата управа и Бошкоски, кој подолго време му бил заменик во Управата која е задолжена за следење на комуникациите, се обвинети во случаите Тврдина-Таргет и Тврдина 2, на Специјалното јавно обвинителство.

Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Грујевски се криел како Христо Атанасов, Бошкоски како Неџби Хасан

Апсењетo нa Грујевски и Бoшкoвски вo Грцијa мoже дa биде тежoк удaр врз безбеднoстa нa земјaтa

Грујевски и Бошковски ќе добијат 40 дена екстрадиционен притвор

Министерство за правда: Грујевски и Бошковски пред Обвинителството во Солун

Грчката полиција го потврди апсењето на Груевски и Бошковски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови