Предизборна хистерија: Ќе има ли ново мнозинство по локалните избори

Тесната трка во албанскиот блок во првиот круг од локалните избори, донесе вистинска хистерија на политичката сцена. Спинови и лажни информации од сите страни, а медиумите дополнително ја вжештија атмосферата, свесно или несвесно наседнувајќи на пропагандата на политичките партии за глас повеќе.

Прво се појавија информациите дека Алијансата за Албанците, (која во Собранието од три пратеника остана со два), ќе излезе од Владата по изборите, што беше демантирано од Алијансата, па следеше „ситнењето“ на бројот на пратеници од ГРОМ (која од два остана со еден), за на крај Алијансата за Албанците и БЕСА да формираат предизборна коалиција.

Претходно дел од партиите од македонскиот блок јавно се поделија со подршките на албанските партии. СДСМ отворено даде подршка на ДУИ и обратно, што наводно ги налути другите партнери во власта, а во целата таа драма излезе и информацијата дека ДПА ќе влезе во Владата по изборите, доколку Алијансата излезе (ДПА има два пратеника) и дека Мендух Тачи и Али Ахмети имале средба и договарале заемна подршка, што беше демантирано од ДУИ, како лажна вест.

Во морето од шпекулации се пишуваше и дека ВМРО-ДПМНЕ наводно ќе дала подршка на БЕСА. Од двете партии демантираа.

Во новата Влада по изборите можно е да има измени, од проста причина што и министер е во трка за градоначалник, а истото го чека и Собранието, бидејќи неколку пратеници се борат за градоначалничка фотелја.

Колку работите ќе се сменат и дали ќе има нови пазарења најмногу ќе зависи од тоа какви резултати ќе имаат ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците во вториот круг.

Битката за води за најважните општини за албанските партии: Тетово, Гостивар, Струга и скопски Чаир.

Така да нема да биде никакво изненадување ако периодов работите дополнително се драматизираат.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ДУИ: Немало средба Ахмети и Тачи, нема да ги поддржиме кандидатите на ДПА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови