Што стои позади најавите за попусти: Облеката е скапа дури и на распродажба

Голема распродажба, целосна ликвидација, попусти до 70%. Веќе еден месец може да се видат овие натписи на излозите на продавниците. Но колкаво е реално снижувањето на цените? Што се нуди на попуст? Има ли интерес од потрошувачите за купување на таа облека?

Фустани, кошули, шорцеви кои летоска чинеа и до 3.000 денари сега се продаваат и за 300 до 1.000 денари.

Но, есенските и зимски парчиња облека кои сега се на меѓусезонска рапродажба, имаат иста цена како и пред попустот.

Натписите за попусти во продавнците за облека се однесуваат во голем дел само на останатите летни парчиња на облека, додека намалувањето на цените кај зимската облека е занемрарливо и мало, на пример од 10.000 денари на 9.500 денари.

Во голем дел од бутиците сепак може да се забележи попуст на модели од ланската колекција и до 50%, а за новите колекции најчесто има попуст само одредени денови, но за 20% или 30%.

Од бутиците велат дека даваат најголем попуст на моделите кои ни лани никој несакал да ги купи, а останати се неколку големини, па за да не стојат во магазин се продаваат со многу голем попуст.

За разлика од кај нас во европските земји, (каде можеби нема толку често попусти како кај нас), кога ќе дојдат на ред сезонските попусти тоа значи дека поволното купување и високиот квалитет на облеката се загарантирани.

Така на пример за време на сезонските попусти низ Европа можете да купите јакна за 70-80 евра од актуелната сезона која претходно била 200 евра. Во некои земји пак попустите се однесуваат само на новата колекција, додека облека од претходната сезона може да се најде само во аутлет центри.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести