Македонското вино промовирано во Данска

413 Views Октомври 24, 2017 Вино Редакција Емагазин

Седум винарски визби ги презентираат своите вина во Копенхаген пред дистибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани  и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи.

И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата вранец, како најголем репрезент на македонките вина, при што се организирани две мастерклас презентации за сортата вранец, кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија, Дарел Џозеф.

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од МЗШВ, преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година.

Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското флаширано вино, каде извозот секоја година бележи пораст, Токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино на странските пазари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови