Како Самир Мане стана милијардер, а Балфин груп една од најголемите инвестициски компании на Балканот

4444 Views Октомври 26, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Балфин груп, во сопственост на албанскиот милијардер Самир Мане, објави нова инвестиција од 300 милиони евра во македонскиот главен град преку својата новоформирана компанија во Македонија, „Скопје Ист Гејт“. Компанијата на сајмиште планира да изгради деловен и трговски комплекс. 

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

Ова е најголема досега инвестиција во Македонија од ваков тип, посочуваат од Балфин груп.

Кој е Самир Мане

За Самир Мане и за Балфин груп македонската јавност слушна пред пет години кога почна да се гради Skopje City Mall, најголемиот трговски центар во Македонија.

Но, кој е Самир Мане и како Балфин груп стана најголемата инвестициска компанија во Албанија и една од најголемите во регионот.

Самир Мане е роден во Корча во 1967 година. Студирал на Факултетот за геологија и рударство на Универзитетот во Тирана, кога комунистичкиот систем во Албанија пропадна. Во оваа нова социјална, економска и политичка ситуација тој емигрирал во Австрија да бара подобар живот. Мане почнал да работи како преведувач, со што успеал да создаде контакти и со светот на бизнисот. 

Додека живеел во Австрија во 1993 година, забележал можност да започне бизнис со електронски производи и домашни апарати во Албанија. И така решил да ја основа својата прва компанија.

Претседателот и извршниот директор на Балфин груп, најголемата приватна компанија во Албанија, е идентификуван како прв милијардер во земјата, со богатство во вредност од 1,2 милијарди долари, според податоците што ги објави WealthX.

Инвестициското портфолио на Балфин груп ги опфаќа активностите за развој на недвижнини, продажба на мало, комерцијално и индустриско управување со просторот , услуги, рударска и металуршка индустрија, финансирање на клиенти, итн.

Всушност дел од Балфин груп се повеќе од 18 компании, а географски Групацијата е присутна во неколку земји, вработувајќи повеќе од 3.000 лица.

Како почна да го развива бизнисот?

Почетoците на Балфин груп потекнуваат од 1993 година со трговија со електронски уреди. Самир Мане својата империја почнува да ја гради со создавање на најголемата мрежа на продавници во Албанија-Нептун која следните неколку години со големо темпо се шири и во земјите во регионот, па и во Македонија.

Групацијата во 2002 години бизнисот го шири и во проекти за развој и управување со недвижнини. Преку компанијата Mane TCI која ги проектира и гради индустриските и станбените објекти во Албанија, Мане почнува да инвестира и во недвижности.

Така во 2005 година е отворен првиот трговски центар во Албанија, Универзалниот трговски центар (QTU). Ова е многу амбициозен проект во тоа време и прави револуција во начинот на кој Албанците купуваат. QTU е се уште најпопуларниот трговски центар во Албанија.

Во 2005 година Мане решава бизнисот да го шири и во малопродажба. Го отвара првиот албански ланец на супермаркети, Euromax. По многу малку време Euromax успеа да се претвори во најголема мрежа на супермаркети во Албанија.

Од 2005 година, ја отвара компанијата Fashion Group која во Албанија ги носи неколку од нај популарните марки на облека како што се Манго, Кортефиел, Голденпоинт, Геокс, Парфоис, Окаиди, Пренатал, Карпипа, Спрингфилд и Теранова. Fashion Group набрзо се шири и во регионот.

Во 2007 година Balfin Group ја основа ACREM (Албански комерцијален менаџмент на недвижности). Оваа компанија обезбедува услуги за управување со комерцијални недвижности кои вклучуваат трговски центри и други трговски субјекти. 

Следната 2008 година Мане влегува и во бизнисот со храна. Се основа FoodWay –ланец на барови, пицерии и ресторани. FoodWay е присутен во двата трговски центри во Тирана, QTU и TEG.

Истата година ја основа, Elektro-Servis која работи на одржување и поправка на електроника и електрични апарати.

Балфин груп во 2008 ја купува "Alcred shpk “ која ја имаше во сопственост една од најголемите станбени и услужни области во Тирана, која се состои од околу 1.000 апартмани со вкупна површина од 100.000 м2.

Во 2011 година, Jumbo, најголемата продавница за играчки на Балканот, стана дел од Балфин груп во договор за франшиза со Kidzone.

Во 2011 година, Балфин груп заврши уште еден важен проект, Источна порта Тирана. Со инвестиција од 54 милиони евра, беше изграден најмодерен и најголемиот трговски центар во Албанија со над 90.000 квадратни метри.

Во текот на 2012 година, Балфин груп започна со изградба на Тирана Логистички парк, инвестиција во вредност од 43 милиони евра, дизајнирана да обезбеди услуги не само за албанските бизниси, туку пред се нудејќи меѓународна стандардна услуга за странски интереси.

Во октомври 2012 година, Балфин груп почна да ја реализира една од најважните инвестиции на групата во странство, "Skopje City mall". Овој проект од 68 милиони евра беше развиен во соработка со учество на меѓународни партнери.

Во 2013 година, Балфин груп се стекнува со 100% акции на ACR Holding и сега се нарекува AlbChrome.

AlbChrome е лидер во индустријата за рударство и металургија во Албанија, Балканот и втор по големина во Европа.

AlbChrome е единствениот вертикален интегриран производител на високо-карбонски ферохром во Европа.
Во 2014 година ја основа Albanian Energy Supplier која работи во полето на увоз, извоз, трговија на големо и мало на електрична енергија.

Tirana Business University, единствената бизнис школа во Албанија, основана според најнапредните и успешни модели на академско образование и вредности на настава, станува дел од Балфин груп.

Во 2015 година синџирот на "Carrefour Albania" стана дел од Балфин груп со договор за франшиза.

Во 2015 година, Балфин груп започна со изградбата на Green Coast Resort, единствениот High End Luxury Resort кој се наоѓа на плажата Паласа. Одморалиштето содржи четири различни видови на објекти, од елитни вили до апартмани. Овие пространи и стилизирани вили и апартмани нудат исклучителни услуги и поглед.

Истата година е основана AgroCon Albania. Таа ја развива својата активност во областа на земјоделски во активности како што се изградба на заштитени средини за производство на земјоделски производи, трговија на големо и мало на земјоделски производи во Албанија и во странство.

SPAR стана дел од Балфин во 2016 година, наменет за големи инвестиции и проширување на SPAR во Албанија, со што ќе стане најголема мрежа на супермаркети.

Stella Mare е заедничко вложување основано од групацијата Milsped и Балфин груп во 2017 година. Stella Mareе е претставник на Maersk Line Company, најголемата група на контејнери за испорака во светот, нудејќи ги своите услуги во Албанија.

SmartPoint, основана во 2017 година, работи во областа на електронската трговија, посветена на продажбата на паметни уреди, телекомуникациски услуги, услуги со додадена вредност и по продажби.

Седиштето на оваа компанија е во Виена, а има продажни места во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија.

Фото: Balfin group

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

По Сити мол, Балфин груп ќе се гради нов голем трговски центар во Скопје

„Технома“ презакажана на друга локација: Ќе остане ли Македонија без Саем?

Бугарската „Кардфинанс“ го купи Скопски саем

ЕКСКЛУЗИВНО: Комерцијална банка и НЛБ банка продадоа запленет имот од „Скопски саем“ за над 16 милиони евра

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови