ЕУ ќе издвои 30 милијарди евра за научни истражувања до 2020 година

316 Views Октомври 27, 2017 Бенчмарк Редакција Емагазин

Европската Комисија најави дека до 2020 година ќе издвои 30 милијарди евра за научни истражувања, во рамките на програмата Хоризонт 2020. 

Вкупниот буџет на оваа програма, која е задолжена за научни истражувања и иновација, е 77 милијарди евра.

Истражувањата финансирани од ЕУ ќе бидат фокусирани на помал број теми, кои се од поголема важност за Унијата, како што се миграцијата, безбедноста, животната средина и обновливата енергија.

Така, според планот, предвидени се 3,3 милијарди евра намалување на количеството на испуштени јаглеродни гасови во атмосферата, милијарда евра за економски истражувања, а 1,7 милијарди за дигитализација на услугите во Европа.

За одбранбени истражувачки дејности ќе се издвојат милијарда евра, а 200 милиони за миграциските прашања.

Унијата ќе продолжи да финансира истражувања кои се од научен интерес, но немаат конкретна практична примена, и кои тешко би можеле да најдат прифатни финансиери. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести