Совети како да се справите со стресот на работното место

418 Views Октомври 30, 2017 Office Редакција Емагазин

Работата е дел од животот, значаен и есенцијален. Секојдневно ги користиме нашите таленти за да добиеме нешто за возврат.

Тоа е процес на давање и земање од кои двете страни имаат придобивки и заедно придонесуваат за подобрување на општеството.

Обезбедување на семејството, плаќање сметки и купување на неопходните и посакуваните работи, едноставно работата е одговор за нашите потреби.

Но, за жал, секоја работа не е соодветна за секого. Некои мора да работат работа што не ја сакаат, додека други за време на процесот на работење престануваат да ја сакаат.

Поради едни или други причини, работата неретко ни предизвикува стрес, а стресот дефинитивно не е добар за нашето здравје.

Еве со каков вид на стрес се судираме на работното место и како да се справиме со него:

Стрес од временски притисоци

Ова е најчестиот вид стрес на работа. Мислиме дека немаме доволно време за да ја завршиме задачата, паничиме и правиме повеќе работи паралелно, неквалитетно и нецелосно.

Акција:

Научете да менаџирате со вашето време и да правите листа на приоритети. Одлучете која задача е на прво место и започнете со неа. Задачите кои се итни, но не приоритетни, доверете им ги на луѓе на кои им верувате.

Стрес од исчекување

Овој вид на стрес се јавува од малку претерано исчекување на иднината. Толку многу мислите на тоа што несигурностите околу тоа што сѐ може да се случи ве опседнуваат.

Акција:

Бидете позитивни и не дозволувајте стравот да ве парализира. Медитацијата ќе ви помогне за смирување. Замислете го најдоброто и најлошото можно сценарио и ако мислите дека нешто ќе тргне по лошо во блиска иднина, направете план за делување.

Бидете храбри и не мислете на неуспехот. На препреките гледајте како на предизвици од кои ќе научите и растете.

Стрес од ситуации

Овој вид на стрес се јавува кога ви изгледа како сè да излегува од контрола. Ненадејно и без да знаете зошто сѐ ви оди по надолнина. Може да биде ненадеен конфликт со колега или неочекувана јавна критика од шефот.

Акција:

Како реагирате на овој вид стрес зависи од вашиот карактер. Во ненадејна ерупција на конфликт, вие или можете да се придружите кон конфликтот или да се повлечете.

Најважно е да бидете свесни што правите и кои треба да бидат вашите постапки за да пронајдете решение без разлика на стресот под кој сте. Бидете смирени и не подлегнувајте на напливот на емоции и бидете трпеливи да ги чуете и разгледате сите страни на конфликтот пред да делувате.

Стрес од средби

Овој вид на стрес може да се појави од прекумерни средби со луѓе, без разлика дали сте интроверт или екстроверт. Можеби не ви се допаѓаат или не им се допаѓате, но морате да комуницирате со нив. Исто така можеби ги среќавате за првпат, па се грижите како ќе ве перципираат.

Акција:

Бидете емпатични и потрудете се да ја разберете гледната точка на другата личност. Ставањето на себе во туѓи чевли ќе направи да ги разберете чувствата и постапките на другите и ќе ви ги зацврсти врските со нив.

Кога и да сте под стрес, најважно е длабоко да дишете за да му испратите сигнали на мозокот да се смири, а тој пак потоа ќе го стори истото до целото тело.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести