Македонскиот металуршки гигант пред пропаѓање: Ќе „удри“ ли стечајот на Фени врз македонската економија

Македонскиот металуршки гигант за производсtво на феронкел „Фени“ од Кавадарци оди под стечај. Трите банки Комерцијална, Стопанска и Силк роуд кои се најголемите доверители побараа да се отвори стечајна постапка со надеж дека комбинатот нема да пропадне и дека ќе се најде нов инвеститор кој ке го реорганизира работењето и ќе продолжи со производство.

Фени само на банките им должи 40 милиони евра, а уште толку се и побарувања на други компании. 

Иако пред десетина дена беше објавено дека бугарската фирма Енекод го превземала комбинатот и ќе се раздолжи кон доверителите, според информациите од банките немало никаков договор потпишано со нив, односно немало ни договор за купопродажба.

Заради тоа Комерцијална, Стопанска и Силк роуд побараа стечај. За судбината на 850 работници одсега ќе решава судот и стечајниот управник.

Фени е еден од најголемите работодавачи и најголемите извозници во Македонија, а стопирањето на производството драстично ќе се одрази врз целокупната економија.

Фероникелот е еден од најизвезуваните производи од Македонија и главен столб на трговската размена на земјата.

На чекор пред отварање на стечајната постапка се отвара прашањето, како ли стечајот на Фени ќе се одрази врз македонската економија.

Ќе се најде ли брзо нов инвеститор за комбинатот кој што е од стратешко економско значење не само за Кавадарци туку и з ацелокупната економија?

Има ли шанси да се спаси Фени со долгови од околу 80 милиони евра?

Од Владата велат има заинтересирани инвеститори

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, откако беше побарано оварање на стечајната постапка над Фени информираше дека во целиот овој процес, Владата не може да решава за судбината на комбинатот. Но, целта е што побрзо да се најде сериозен сопственик и тој да продолжи со работа.

Од кабинетот на вицепремиерот Ангушев велат дека имаат информации дека две големи странски компании веќе проијавиле интерес да го купат Фени.

- Како Влада ќе направиме се Фени да продолжи да работи. Услов за тоа е да се најде инвеститор кој ќе ги покрие сите достасани обврски во некој разумен период, да се зачува капацитетот, доверителите да ги наплатат побарувањата, а вработените да ги задржат своите работни места во иднина, потенцира Анѓушев.

Државата од своја страна, во Фени врши контрола на работењето. Инспектори на УЈП и финансиската полиција констатирале низа неправилности во работењето, меѓу другото дека Фени воопшто нема доставено ни завршна сметка за минатата година.

Банките ќе бараат и кривична одговорност од претходниот сопственик затоа што ги отуѓил залихите без нивна согласност спортивно на договорите за кредит.

Како Фени стигна до стечај?

Фабриката „Фени индустри“ пред еден месец побара еднострано раскинување на договорот со Владата за концесијата за железно никлоносна руда на локалитетот Ржаново.

Во меѓувреме Бенџамин Штајнмец еден од акционерите на „Кунико рисорсис“, компанијата која е сопственик на Фени беше уапсен во Тел Авив под сомнение за перење пари

„Кунико рисорсес“ го презема „Фени“ во 2004 година. Компанијата е меѓународна компанија за рударство и метали, специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел.

Голем проблем за работата на комбинатот е и падот на цената цената на фероникелот на берзите која пада под 10.000 долари по тон. Според пресметките од компанијата, Фени работи рентабилно со цена од околу 10.000 долари по тон, а кога центата достигнува до 25.000 долари прави профит и од 100 милиони евра годишно.

Во моментов цената на фероникелот на пазарот е околу 12.000 долари по тон. Фени произведува околу 20.000 тони фероникел годишно.

Проблемите во комбинатот и според вработените почнале во 2015 година кога доминантен сопственик на фабриката станала ИМР („Интернешнл минерал рисорсес“). До тогаш сопственишвото во сооднос 50:50 го делеле со „БСГ рисорсис“ како дел од компанијата „Кунико рисорсис“. Поради несогласувања токму за сопственоста, имале судски спор во Амстердам, Холандија, каде што е регистрирана „Кунико рисорсис“. ИМР е компанија на Казаси, а БСГР ја водат израелци.

Која е бугарската компанија Енекод и зошто се откажа од Фени?

Според банкарите, компанијата „Енекод“ која пред десетина дена објави дека го купила комбинатот не ги исполнила преземените обврски кон вработените и се уште нема постигнато согласност со нив за регулирање на обврските на комбинатот „Фени индустри“, а веќе се претставува како сопственик.

Платата за септември што им беше исплатен на вработените во Фени, велат од банките, е исплатена со позајмени средства од македонска компанија која соработува со комбинатот.

Банкарите велат дека Енекод не е новиот сопственик на Фени, а наводно потпишаниот договор за продажба никаде не е презентиран. Дури и да постои не може да се имплементира зашто не се исполнети условите за негово стапување во сила, а и во Централниот регистар нема промена на сопственичката стурктура на Фени.

Бугарската компанија „Енекод“ на 20 октомври објави дека го превзема кобинатот и долгот од 70 милиони евра кој го има Фени како и сите 850 вработени

Според информацијата објавена на веб страната на бугарската компанија „Еникод“ е лиценциран трговец на електрична енергија, а основната дејност и е трговијата со електрична енергија, а врши и други трансакции на територијата на Бугарија, како извоз, увоз и транзит на електрична енергија.

Бугарската компанија пред да го превземе „Фени“ веќе била присутна на македонскот пазар.од минатата 2016 година, кога формира компанија за трговија со електрична енергија. Веќе во април актуелната 2017 година, Регулаторната комисија за енергетика, и дала лиценца на компанијата со бугарски капитал за снабдување со електрична енергија за период од 10 години, односно до 2017 година.

Од Енекод пак велат дека се уште не се откажале од Фени.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ СТОРИИ:

Енекод официјално влезе во Фени: Назначен нов извршен директор и претседател на Одборот на директори

Синдикатот на „Фени” обвинува: Банките поставуваат нереални барања за гаранции до Енекод

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот