Мршиќ: Дизајнерките создаваат мода која е прагматична, удобна и ги следи потребите на жените

500 Views Октомври 31, 2017 Интервју Редакција Емагазин

Модната креаторка Росица Мршиќ прославува осум години од постоењето на македонската модна сцена. Нејзините креации се нежни, сензуални, женствени, елегантни со доза на екстраваганција. Наликуваат на нејзе, кревки, но силни. Минималистички, но впечетливи кога ќе се облечат. Росица успее да изгради препознатлив стил и нејзините парчиња се лесно препознатливи.

Осум години на македонската модна сцена, но и надвор од неа е бројка за почит. Кога ќе погледнете наназад со што беа проткаени сите овие години?

-Со голема креативна енергија и ентузијазам, реализација на многу сезонски колекции и промоција, по некој натпревар и освојување на клиенти и пазари.

Со кој предизвик се соочувате работејќи на мал пазар? Истовреме покажавте дека можете да опстанете и овде и притоа да создадете препознатлив бренд?

- Мал пазар не нуди можност за градење голем бренд, голем од аспект на количина на продажба. Мојата работа е посветена на клиентите, а со иновации и креативност ги задржуваме постојните и стекнуваме нови клиенти. Негувам чесен однос кон создавањето: со оригиналност на работата, фер однос кон вработените и вистински контакт со производот – од идејата до завршниот процес постигнувам краен резултат од вредни и висококвалитетни парчиња облека кои се актуелни многу сезони.  

Денеска, не мора физички да сте присутни на странски пазар за да продавате таму, бидејќи се продава он-лајн. Колкав процент од продажбата на вашиот бренд оди преку он-лајн?

- Технолошкиот напредок и глобализацијата нудат можност за он-лајн пласирање на производите во земји низ целиот свет. Но, сепак овој начин на продажба не може да ја надомести целосно слабоста на работењето на мал пазар. Големиот пазар нуди и други користи при снабдување со репроматеријали, можност за соработка со индустриско производство, шанса за раст на брендот и негова транспарентност.

Како дизјанер, добитник сте на повеќе награди, но која од нив ви е најомилена?

- Најмногу се радував на изборот на малиот жолт фустан за  „Фустан на 21 век” на „Мода естетикс“ од Амстердам. Затоа што тој фустан ми е омилен и затоа што наградата е од Холандија, земја која негува квалитетен дизајн и каде ги завршив студиите по моден дизајн.

Кои имиња од светската мода, извршиле најголемо влијание врз вашата работа?

-Сметам дека жените дизајнери создаваат мода која е прагматична, удобна, и ги следи потребите на жените, што во суштина е и моја филозофија на создавањето модни парчиња. Ја следам и почитувам работата на- Coco Chanel, Elsa Schiaparelli, Miuccia Prada, Jeanne Lanvin…

Кој стил лично го преферирате, претпоставувам дека во секое ваше парче се гледате во него?

 - Поклоник сум на минималистичкиот стил со доза на екставагантност во детаљите.

Како би ја опишале жената која ја носи вашата креација?

-Сигурна, впечатлива, со изграден добар и истенчен вкус за модата и за животот.

Дали подготвувате нешто ново?

 -Во тек е реализацијата и промоција на колекцијата „MUSE” есен/зима 2017/18.

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести