Македонците преку интернет најчесто купуваат облека и спортска опрема

875 Views Ноември 1, 2017 Техно Редакција Емагазин

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, 73,6% од  домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства e 67,1% во 2017 година.

Речиси сите 91,2% домаќинства со интернетски пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.

Во првото тримесечје од 2017 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 74,5%, а 61,9% го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап на интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91%). 82,5% од корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.

Вкупно 24,8% од лицата што употребиле интернет кога било, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството (64,1%) од нив купиле облека или спортска опрема.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести