Пуџдемон и четворица поранешни каталонски министри се условно ослободени

305 Views Ноември 6, 2017 Свет Редакција Емагазин

Белгиски истражен судија условно ги ослободи поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и четворица министри од неговата сменета влада.

Барањето, кое во текот на вчерашниот ден го поднесе обвинителството во Брисел, за времено ослободување на бараните лица, го издаде истражен судија, соопшти канцеларијата на обвинителот.

Тие мораат да остават адреса на која се наоѓаат и да се јавуваат на сите судски и полициски повици. На таа одлука не може да се поднесе жалба, пишува во соопштението.

Пуџдемон не смее да ја напушти Белгија и мора да се јавува на суд во следните 15 денови, објавија западните медиуми.

Тој и четворицата поранешни министри се сослушувани повеќе од 10 часа, соопшти претходно белгиската ВРТ телевизија.

Како што се наведува, судијата одлучил да одобри условно ослободување на петмината поранешни каталонски функционери се до судската одлука дали да се спроведе европскиот налог за апсење, издаден од Шпанија. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.