Лани на Бермудите се одлеале најмногу пари: Има ли Македонци во „Рајските документи“

Рајските документи“ што ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и нивните партнери, весниците „Њујорк тајмс“, „Зидојче цајтунг“, „Гардијан“ и британскиот јавен радиодифузер „Би-би-си“ за финансиите на околу 120 политичари и лица од шоу бизнисот од повеќе држави, се базираат на документи на две реномирани агенции за офшор услуги од Бермуди и Сингпаур, како и на 19 официјални регистри на земји кои важат за даночни раеви.

Најголем дел од документите се од офшор адвокатската фирми „Appleby“, чие седиште е на Бермудите и  семејниот фонд спецјализиран за офшор работење, во Сингапур, „Asiaciti Trust“.

Базата на документи вклучува мејлови, договори, изводи од банки..., во врска со 25 илјади компании, фондови и мултинационални компании поврзани со 180 земји.

Документите опфаќаат период од речиси 70 години.

„Appleby“ има канцеларии и во Хонг Конг, Шангај, Британските девествени острови, Камајските острови и други даночни раеви.

ЛАНИ ОД МАКЕДОНИЈА НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ОДЛЕАЛЕ НА БЕРМУДИТЕ

Српските медиуми веќе објавија имиња на нивни политичари и бизнисмени кои се најдоа во „Рајските документи“, а деновиве ќе биде јасно дали има и Македонци.

Имајќи го во предвид податокот дека овие документи поврзуваат бизиси, кои имаат допир со 180 земји, како и фактот дека Бермудите и други даночни раеви како Белизе, Сент Винсент и Гренадини се прилично познати дестинации и кај нас, кога е во прашање офшор бизнис, нема да биде изненадување ако од документите „испливаат“ и Македонци или лица кои имаат македонско државјанство. 

Имено како што објави пред извесно време, еМагазин, со вкупно 68,5 милиони евра негативно салдо на директни странски инвестиции, токму Бермудите се на прво место на земји каде минатата година имало најголем одлив на капитал од Македонија, покажуваат податоците на Народна банка.

БЕРМУДИТЕ И ВО ГРУПАТА НА НАЈГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ

Како што објави неодамна еМагазин, во првите шест месеци годинава најголем прилив на странски инвестиции во Македонија се регистрирани од Австрија, Сент Винсент и Гренадини и Бермуди, покажуваат податоците за директни странски инвестиции на Народната банка.

ОД МАКЕДОНИЈА ИЛЕГАЛНО ВО СТРАНСТВО ГОДИШНО СЕ ИЗНЕСУВААТ 550 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Од Македонија илегално се изнесуваат во странство во просек по 550 милиони долари годишно, покажа извештајот на истражувачката куќа „Глобал фајненшел интегрити“ (Global Financial Integrity) од Вашингтон, објавен пред неколку години.

Вкупно за периодот од 2002 до 2011 година, односно за десет години, од земјава преку илегалните трансфери се „испрани“ вкупно 5,5 милијарди долари.

Во последната истражена година 2011, од земјава илегално биле изнесени 934 милиони долари.

Видео: Гардијан

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Австрија, Сент Винсент и Гренадини и Бермуди најголеми инвеститори во Македонија

На Бермудите лани се одлеале 68 милиони евра капитал од Македонија

„Рајски документи“: Српски министер има имот и бизниси кои вредат повеќе од 100 милиони долари

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови