(ВИДЕО) Како изгледа суперавтомобилот на Путин

300 Views Ноември 6, 2017 Свет Редакција Емагазин

Рускиот претседател Владимир Путин го доби својот прв суперавтомобил, „Кортеж“, наменет за превоз на претседателот и највисоките државни функционери.

Пред неколку месеци беше соопштено дека ќе бидат произведени 200 автомобили од оваа марка, за кои се предвидени 47,14 милиони евра, а ра руските функционери е предвидена само блиндирана варијанта, со погон на четири тркала, мотор В12 и 800 КС.

Во рамките на овој проект, предвидени се четири типови на автомобили: лимузина, седан, теренско возило и моноволумен.

До 2020 година, е планирано серијата да биде зголемена на 4-5 илјада возила од секој тип.

На видеото е прикажана лесна верзија на седан, која е за метар покуса од „претседателската“ лимузина и не е блиндирана.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.