(Галерија) Geox: Женска колекција јакни есен/зима 2017

1462 Views Ноември 6, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Новата Geox линија на јакни нуди модели во урбан и спортски стил, кои несомнено се тренди и совршено го рефлектираат ритамот на модерниот свет.

Комбинацијата на технологија и изглед со уникатниот италијанскиот дизајн се стреми да постигне апсолутни перформанси и благосостојба, притоа нудејќи разновидност и женствена прецизност, дизајн кој ќе го подобри квалитетот на животот и кој одговара на секојдневните комбинации.

Колекцијата се заснова на секојдневната формалност во релаксирана и урбана средина, со смела иновација во користењето на материјалите, боите и опипливите ефекти. Палетата на бои нуди неутрални и ладни нијанси, прошарани со бежови и шеќерни  тонови.

Лесни и меки на допир, јакни со практичен и есенцијален дизајн со карактеристични детали како големи крагни, металик додатоци и качулки од вештачко крзно кои сочинуваат префинет микс.

Материјалите на спортските дизајни го подобруваат моделот со вметнување на волна и фланел мешавина во внатрешноста на парчето и на надворешните детали од поставените јакни.

Лежерната колекцијата црпи инспирација од природата, пејзажите, реинтерпретирајќи ги типичните карактеристики кои треба да ги содржи надворешната облека во високофункционален и софистициран концепт на удобност. Колор палетата се концентира околу боите на шумите и дрвјата, со нијанси на зелено, сино и „каки“.

Парките со „прашест ефект“ имаат иновативна топлинска постава и се надополнети со меки качулки од вештачко крзно.

Во лежерната линија, модните трендови се среќаваат со вредностите на заштита, удобност и слобода во движењето кои ќе го олеснат соочување со зимската сезона која следи.

Женственоста и технологијата се спојуваат во иновативни комбинации на ткаенини и специјални финиши, парчиња со ватирана постава и високи перформанси. Јакните се поставени со пердуви и разубавени со сјајни додатоци и вештачки крзнени крагни кои дополнително ќе ве заштитат и затоплат. Колор палетата содржи интензивни нијанси на црна, сива и црвена.

Технолошката извноредност на GEOX се пренесува во целост со NEBULA проектот кој ни претставува нови дизајни за постудените месеци: јакната е изработена со ексклузивна еластична ткаенина со еко-ватираност, интегрирана со револуционерниот 3Д систем на „дишење“, дизајниран да осигура највисоки стандарди на удобност и природна вентилација.

Долгата парка и кратката „бомбер“ јакна се со чисти линии, изразувајќи техничка супериорност преку динамичниот, практичен и современ стил – идеален за секоја пригода во денот. 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови