(ВИДЕО) Како изгледа најлуксузниот хотел во Европа?

На неколку метри од плоштадот Пуерто дел Сол во Мадрид се издига една од најкомплексните градби во шпанската престолнина- претворање на седум напуштени згради од почетокот на XX и XIX век, во луксузен комплекс со хотел со пет ѕвездички, галерија и 22 стана, пишува шпанскиот весник  Expansion.

Станува збор за комплексот Centro Canalejas Madrid.

Откако се инвестирани 215 милиони евра за купување на седумте згради од банката Santander кои се дел од населбата Canalejas, компанијата Villar Mir се обединува со канадскиот  синџир на хотели Four Seasons за отворањето на првиот луксузен хотел на компанијата во Шпанија.

"Хотелот ќе се простира на површина од околу 26 000 квадратни емтри и ќе располага со 200 соби, два ресторана, СПА центар, фитнес сала и базен, како и 4.000 квадратни  метри слободен простор", објаснуваат авторите на проектот.

Зградата ќе биде дизајниран од екипата на Lamela Arquitectos и американското студио за внатрешен дизајн Bamo.

Најмалата соба ќе има површина од 45 квадратни метри, а кралскиот апартман ќе се простира на околу 400 квадратни метри и ќе располага со сопствена спортска сала, кујна.

Комплексот ќе располага и со 22 луксузни соби од брендот Four Seasons Private Residences, како и со галерија на површина од 15. 000 квадратни метри каде ќе се наоѓа гастрономски пазар и зона со продавници со брендирана и луксузни облека.

Цената на собите ќе започне од 13.000 евра по квадратен метар. Веќе постои интерес од шпанските и од странските купувачи .

Задржувањето на фасадите на седумте згради кои се заштитени како дел од културното наследство на Мадрид, било едно од предизвиците во текот на проектот.

Градежната компанија инвестираше седум милиони евра во стекнување на над 16. 000 елементи од историско значење кои во мнозинството од случаите ќе бидат вратени на нивното оригинално место.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести