Кралицата Елизабета за „Рајските документи„: Сите инвестиции се легитимни

329 Views Ноември 6, 2017 Свет Редакција Емагазин

Сите вложувања на кралицата Елизабета Втора „целосно се проверени и легитимни", соопшти Војводството Ланкастер, кое  управува со инвестициите на британската кралица, најзвучното име во аферата „Рајски документи“, кои протекоа од две реномирани компании за обезбедување на оф-шор услуги од Бермудите и Сингапур.

Британската кралица Елизабета Втора има инвестирано околу 10 милијарди фунти во оф-шор фирми, објави Би-Би-Си.

Во периодот 2004-2005 година, парите на кралицата биле инвестирани во фондови, регистрирани на Кајманските Острови и Бермудите. Се работи за пари кои Елизабета Втора ги заработила благодарение на Војводството Ланкастер, каде  има имот од 500 милиони фунти (562,7 милиони евра). 

Од Војводството истакнуваат дека во тие операции „нема ништо нелегално и нема претпоставка дека кралицата не плаќа даноци, но може да се појави прашањето дали монархот треба да инвестира во оф-шор".

- Нашата инвестициска стратегија се заснова на препораките на нашите инвестициски консултанти. Војводството инвестира средства само во многу реномирани инвестициски фондови, следејќи ги препораки на нашите инвестициски консултанти, појасни  директорот на финансиската служба на Војводство, Крис Едкок.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Лани на Бермудите се одлеале најмногу пари: Има ли Македонци во „Рајските документи“

Поповиќ се огласи за „Рајските документи“: Не поседувам ниту една оф шор компанија

„Рајски документи“: Српски министер има имот и бизниси кои вредат повеќе од 100 милиони долари

„Рајски документи„: Мадона има удел во компанија за медицинска опрема, Боно во компанија на Малта

Нова мега светска афера, „Рајски документи„: Каде и како светската елита го крие богатството

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.