Ретка видео-снимка од 1906 година: Како Османлиите ги беселе Македонците во Битола

7914 Views Ноември 6, 2017 Ретро Никола Осило

Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години.

Во оваа прилика објавуваме застрашувачки филмски материјал за кој се претпоставува дека е од 1906 година на кој се гледаат повеќе обесени мажи во Битола, поточно на еден мост на реката Драгор.

Телата на обесените висат и се клатат грозоморно и сенишно во 5 различни кадри, при што камерата се префрлува од еден на друг, додека покрај нив се движат турски војници.

Фото/Видео: Кинотека на Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!