Мажот кој во сообраќајка предизвикана од синот на сопственикот на Џамбо, ја загуби фамилијата, сега бара оштета од 4 милиони евра

6074 Views Декември 4, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Мажот кој ја загуби сопругата и три годишниот син во сообраќајна несреќа предизвикана од синот на сопственикот на Џамбо, сега наместо 1,5, бара 4 милиони евра оштета од неговиот татко, Апостолос Вакакис, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.



Тој за грчките медиуми вели дека неговиот живот е уништен и дека повеќе не е способен да работи, но и дека неколку месеци по страшната сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица, никој не му понудил некаква оштета.

Во несреќата загина и синот на сопственикот на Џамбо, Џорџ Вакакис и неговиот соовозач.

Џамбо има свои продавници и во Македонија, во Скопје и Тетово.

Видео: ТВ Стар

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.