Продолжува поддршката на рудникот САСА за лицата со посебни потреби

И оваа година, по повод 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рудникот за олово и цинк САСА ја обезбеди неопходната финансиска поддршка за организација на настанот за одбележување на овој ден во Македонска Каменица.

Традиционалната прослава, која се одржува секоја година, ја организираше огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица, во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“.

„Лицата со посебни потреби често пати се соочуваат со голем број предрасуди и изолација во средината во која живеат. Затоа секоја прилика за дружење, забава и внимание кое за некои луѓе можеби претставува секојдневие, за овие луѓе има посебно значење. Рудникот САСА е еден од субјектите кои со својата континуирана поддршка што ни ја дава, покажува на дело дека целосно го разбира ова, за што ние и нашите членки сме им благодарни“, изјави претседателката на споменатите здруженија, Наташа Џевелекова.

На присутните им се обрати и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова која меѓу другото нагласи дека во иднина ветува зголемена и директна соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации.

Секој човек, без оглед на својот статус и потреби заслужува да биде еднакво среќен и прифатен во општеството, велат во САСА, објаснувајќи го мотивот на компанијата за поддршката што секоја година ја обезбедува за активностите што ги спроведуваат здруженијата на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. На тој начин компанијата придонесува за подигнување на јавната свест за потребите на овие лица.



Во текот на годините рудникот САСА организираше различи прослави и дружења со лицата за посебни потреби од градот во различни поводи, а со своја донација учествуваше и во хуманитарната акција за собирање средства наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби во градот. Поддршка на рудникот САСА за лицата со посебни потреби ќе продолжи во континуитет, уверуваат во компанијата.   

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.