Што сработил Шапуриќ: Објавени документите за неговата досегашна работа

Согласно заклучокот на 34-тата седница на Влада на Република Македонија и нејзиното залагање за транспарентност и отчетност, на официјалната интернет страница на министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ објавени се документи и информации во врска со работата и активностите на министерот и неговиот кабинет.

Како што соопштуваат од неговиот кабинет, на интернет страницата на министерот Шапуриќ, се достапни стратешките планови, буџетите, ревизорските извештаи, јавните набавки, правилник за внатрешна организација на Влада и Генерален секретаријат под кои и спаѓа неговиот кабинет, Правилник за систематизација на работни места, Листа на информации од јавен карактер, Правилник за заштитено внатрешно пријавување и овластено лице за прием на пријави по него, Овластени лица за заштита на лични податоци, Закони и подзаконски акти и Листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси.

Наведените документи се објвени на официјалната интернет страница www.mdi.gov.mk во категоријата „Информации„,  на следниов линк www.mdi.gov.mk, во категорија „Регулатива„, на следниов линк www.mdi.gov.mk и во категорија „За министерот„ / „Членови на кабинет„, на следниов линк www.mdi.gov.mk.

Фото: Зоран Шапуриќ/Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.