(ВИДЕО) Австралиски пратеник го запроси својот партнер во Парламентот

1229 Views Декември 4, 2017 Свет Редакција Емагазин

Австралискиот пратеник Тим Вилсон го запроси својот партнер Рајан Болгер за време на собраниската дискусија за легализација на истосполови бракови во земјата.

Болгер, кој седеше во делот од салата предвиден за гости и заинтересирани граѓани за следење на седниците, одговори - „да!", што предизвика општо задоволство и аплауз меѓу присутните.

Долниот дом на Парламентот почна да го разгледува Предлог-закон за легалиаџија на истпопловите бракови, пет дена откако тој беше усвоен во Сенатот.

Се очекува конзервативните пратеници да поднесат амандмани на Предлог-закон, меѓу кои и оној што ќе им гарантира право на матичарите да одбија да сакаат да венчаваат истополови бракови. Сенатот ги отфрли таквите амандмани при расправата мината седмица.

Австралијците минатиот месец, со мнозинство гласови „за“, ја поддржаа легализација на истосполови бракови, на анкета спороведена на државно ниво. 

Видео: The Telegraph/Фото: Гардијан

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.