Бимилк прославува 65 години постоење

Самиот факт дека компанијата е формирана како првата млекарница во Македонија говори за долгогодишната традиција, за беспрекорниот квалитет и за 65-годишната посветеност во работата да се изгради бренд со тежината на името „Млекара Битола“.

Бимилк своите корени ги влече од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија е формирано млекарско претпријатие „Млекар“ Битола, чиј дневен капацитет тогаш изнесувал 10.000 литри, а денес, по 65 години, компанијата може да се пофали со годишна преработка на над 90 милиони литри млеко и производство на повеќе од 54 различни производи.

Денес, Битолска млекара е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи. А, токму потрошувачите се и во фокусот на деловната стратегија на компанијата од почетокот до денес.

Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството, меѓутоа константната отворена комуникација е она што денес ја прави Бимилк компанија што вистински допира до умот и до срцето на потрошувачот.

Всушност, следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите, овозможија проширување на асортиманот и креирање производи што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во индустријата за млеко и млечни производи.

65-годишниот успех на Бимилк, несомнено, се должи и на добрите односи што компанијата од самиот почеток ги гради со сите свои кооперанти и фармерите, кои континуирано испорачуваат сурово млеко со врвен квалитет. Одличната соработка, помошта и поддршката на плановите за развој и унапредување на фармите говорат и за фактот дека млекарницата денес е најголемиот купувач на сурово млеко во Македонија.

Благодарејќи на сето ова, на сите континуирани иновации во производствениот процес, на сите стратешки инвестиции, но, се разбира, и благодарејќи на беспрекорниот квалитет на производите, денес Бимилк е првиот избор за млечен бренд во Македонија, а армијата луѓе што секојдневно ги купуваат производите се најдобар доказ за успехот на компанијата веќе 65 години.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.