Македонски и српски државјанин се убиените во менувачницата во скопска Кисела Вода

295 Views Декември 4, 2017 Локално Редакција Емагазин

Македонски и српски државјанин, двајцата со криминална позадина, се двете лица кои минатиот понеделник,  27 ноември, се обидоа да ограбат менувачница во Кисела Вода, при што беа убиени од нејзиниот сопственик, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ). 

Основното јавно обвинителство-Скопје истата вечер при увидот го утвди идентитетот на едниот разбојник. Тој бил македонски државјанин и осуденик кој од користење слободен викенд во март годинава не се вратил во затвор.

- Тој летово бил сторител на петнаесетина разбојништва на банки, менувачници и обложувалници. Разбојништвата претежно ги вршел сам, но последниот пат се здружил со познатиот разбојник од Република Србија, соопшти ЈОРМ.

Идентитетот на второто починато лице бил утврден преку споредба на папиларните линии од прстите на рацете. Станува збор за граѓанин на Србија по кого поради претходно сторени кривични дела била распишана потерница. Идентификацијата е потврдена и од страна на српските надлежни органи.

- Иако за Обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило, за да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следува донесување на јавнообвинителска одлука, наведува ЈОРМ во денешното соопштение. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.