Туморот на Валерија е отстранет без да биде оштетен говорот и парализирана десната страна

Малата Валерија Зафировска од Штип, која се оперираше од тумор на мозокот во Истанбул, е во одлична состојба вели нејзината мајка Марина, за еМагазин. Тие вчера биле пуштени од болница и сега престојуваат во хотел во Истанбул.

„Во среда ни е закажана контролата кај лекарот. Чекаме резултати од биопсијата. 98 проценти од туморот е отстранет, без да предизвика компликации на десната страна, рака, нога и говор.Според биопсијата, ќе знаеме со каква терапија ќе се лечат тие 2 отсто“, вели Зафировска.

Таа додава дека она поради што се одлучиле детето да се оперира во Истанбул е што во Македонија им кажале дека ќе отстранат само 70 отсто од туморот, а Валерија ќе биде со оштетен центар за говор и со парализирана десна страна.

Терапијата, Валерија исто така ќе ја прима во Истанбул, а на 14 декември треба да се вратат во Македонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.